Дождот добредојден за тутунот, велат производителите
Дождот кој деновиве наврна во струмичкиот регион позитивно ќе се одрази врз производството на тутун со оглед дека високите температури предизвикаа прерано цветање, велат производителите.
Според нив, сега, со врнежите и постуденото време, се очекува да се остварат прогнозите за успешна реколта.
- Во нашиот регион имаме издадено 2.400 евидентни листови што значи дека под тутун се околу 1.000 декари. Првично, високите температури и сушата не поколебаа во прогнозите, но сега сметаме дека со дождот ќе успееме да произведеме околу 2.000 тони, изјави Марјан Трајков од Здружение на ттутунопроизводители „Басмак“ од Василево.
Во Струмичко годинава за дест проценти е зголемен бројот на издадени евидентни листови. Лани просечната цена беше 201 денар за килограм, а производителите добија и 60 денари субвенции.
- Субвенциите им се исплатени на сите од нашиот регион. Секојдневно сме на терен и гледаме дека доколку продолжат ваквите временски услови, ќе го повториме ланскиот квалитет. Сепак, по еден месец може да направиме пресек за годинашната берба, рече Трајков.
Реколтата 2016 година во Македонија тежеше 25.000 тони тутун кој на државно ниво се продаде по просечна цена од 197 денари по килограм. Годинава, поради сушата во јули прогнозите за очекуваните количества ќе бидат корегирани, велат производителите.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија