Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Андонов во работна посета на СВР - Тетово
Дополнителниот заменик-министер Оливер Андонов денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово каде оствари работна средба со началникот Неваир Шабани и другите ракводители во Секторот.
Според Андонов посетата е планска и редовна активност и, како што рече, не требало да се откажува и покрај синоќешните случувања во Министерството за внатрешни работи.
- Сметав дека редовните и планирани активности не треба да се отакажуваат бидејќи вакви ад хок активности и случувања не треба да ја пореметат нормалната функција на МВР и покрај желбата на некој тоа да го направи, рече Андонов.
Во однос на официјалната посета на СВР Тетово Андонов истакна дека имал за цел да се запознае со состојбата на подрачјето од СВР Тетово, со проблемите со кои се сретнува Секторот и активностите шти ги презема.
- Задоволство ми е што можам да ја истакнам добрата соработка на тимот од СВР Тетово особено она што е направено во спречување на тешките кривични дела, заплената на поголеми количини дрога, постапките што се водат во рамките на криминалистичката обработка што покажува резултати и зголемен број на расветлени кривични дела. Беа дадени и некои насоки особено поврзани за овој период што не очекува околу изборите и најавив дека секако во ноември повторно ќе дојдам во посета на СВР Тетово секако професионална и работна посета а не политичка, изјави Андонов.
Во однос на случувањата и активностите на Специјалното јавно обвинителство во МВР Андонов најави дека ќе одржи посебна прес конференција во просториите на МВР.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава