Докторат за македонските медиуми на Сорбона
Скопјанката Ангелина Ајаноска на 8-ми овој месец со највисока оценка ја одбрани докторската дисертација „Македонскиот медиумски пејзаж“, плод на нејзината шестгодишна интензивна научно-истражувачка дејност на Институтот Пантеон - АСАС, кој е дел на Париската Сорбона.
Во тезата се опфатени првите македонски весници во преродбата од почетокот на XIX век, печатени во различни балкански центри, како и весниците на македонската интелигенција во светските центри во Париз, Санкт Петерсбург, Женева и Лондон, со посебен акцент во периодот меѓу двете светски војни.
Тезата продолжува со круната на асномска Македонија и првиот број на Нова Македонија во 1944 година и понатаму, од 1991 година по осамостојувањето на Македонија, првиот дневен весник „Република”, како и сите македонски медиуми кои излегуваат на сите јазици во Македонија, правејќи една европска лабораторија на културната и информатичката коегзистенција.
Ментор на нејзината теза е професор Фабрис Далмеида, автор на научните бестселери за медиумите како „Сликите на пропагандата”, „Манипулација”, „Историја на медиумите во Франција”... Претседател на комисијата е Валери Древилар, а како член на комисијата и главен автор на академскиот извештај учествуваше и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш.
Комисијата во својата оценка го предложи докторатот за објавување кај европските и македонските издавачи, за да се запознаат со идентитетот на македонскиот народ, за кој доајенот на француската поезија и журнализам Пјер Беарн рече: „На Македонија и нејзиниот народ најпосле родени од Европа”.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ