Додик: Ќе се кандидирам за член на Претседателството на БиХ
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави дека на претстојните избори планирани за на есен, ќе се кандидира за српски член на Претседателство на Босна и Херцеговина.
- Сите нешто ме прашуваат дали ќе се кандидирам. Се обидуваат да ја осоколат меѓународната заедница за нешто, наводно да забрани, изјави Додик за РТС.
Тој оцени дека секоја забрана би значела победа на изборите.
Додик потсети дека во три мандати беше премиер на Република Српска, а во два нејзин претседател на РС и оти Уставот не му дозволува уште еден мандат.
- Но, не ми забранува тоа да го направам за четири години, доколку имам енергија, сила. Сега ќе се кандидирам за член на Претседателството, појасни Додик.
Тој вели дека БиХ е многу сложена творба, а „уште посложена ја направија странците и од неа направија невозможна земја“.
Додик уште рече дека не му е проблем каде било да ги брани интересите на РС, но доколку има провокации, нема да оди во Сараево.
- Не сум човек кој трпи провокации, изјави Додик и појасни дека доколку биде избран за член на Претседателството на седниците ќе присуствува по пат на видео-линк.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ