До 15.00 часот во Косово излезеноста околу 25 отсто
Во Косово, каде денеска се спроведува вториот круг од гласањето за градоначалници во 19 општини, излезеноста до 15.00 часот е околу 25 отсто.
- Во единствениот избирачки список во општините каде се спроведува втор круг и општина Пертеш, каде се прегласува, се запишани вкупно 1.353.680 граѓани со право на глас. До 15.00 часот гласале 24,95 отсто,- соопштија од Централната изборна комисија.
Во главнот град Приштина, каде битката за градоначалник се води меѓу Шпенд Ахмети од Движењето „Самоопределување“, кој се бори за втор мандат и Арбан Абраши од Демократскиот сојуз на Косово излезеноста е 30,26 отсто.
Изборниот ден, според комисијата минува без поголеми проблеми, освен во едно избрачко место во Малишево, каде полицијата, по барање на обвинител, оддалечила тројца набљудувачи на Иницијата за Косово на Фатмир Лимај, кои се обидувале, надвор од избирачкото место, да влијаат врз гласачите.
Комисијата очекува мирниот изборен ден да заврши во 19.оо часот, кога ќе бидат затворени 1.777 избрачки места. Бидејќи станува збор за втор круг на гласање,што подразбира помалку избрачки места, комисијата очекува првичните резултати да бидат соопштени околу 21.00 часот.
Мирниот изборен ден го поздрави американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, кој упати апел до граѓаните да излезат и да гласаат.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво