Македонија
15. October 2017 - 12:28

До 10 часот во Прилеп излезеноста е околу 13,8 отсто

Непречено и без проблеми се одвива гласањето во Прилеп. До 10 часот, според податоците од 123 избирачки места, одѕивот на гласањето е 13,8 отсто, истакна претседателот на општинската изборна комисија Каролина Шукуроска.

Таа посочи дека изборниот процес се одвива непречено на сите 142 избирачки места, каде своето право на глас го остваруваат 64.924 избирачи.