Дескоска и Жбогар разговарале за заложбите за реформи во образованието
Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар, на која го запозна со реформските заложби на Владата за квалитетно и достапно образование, почитување на законите и унапредување на меѓународната соработка.
- Дескоска, за време на средбата, истакна дека еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука е приближување на квалитетот на образованието во земјава со образованието во земјите членки на Европската Унија, како и искористување на ИПА фондовите кои и стојат на располагање на Македонија, соопшти Министерството за образование и наука.
Евроамбасадорот Жбогар истакнал дека Унијата ги поддржува реформиските процеси кои ги презема Владата на Република Македонија во областа на образованието, напоменувајќи дека тие се вистински партнер на земјава во нејзините евроатлантски аспирации.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата