Делегација од Ѓорче Петров во посета на словачката општина Поважска Бистрица
Делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Сокол Митровски престојува во посета на словачката општина Поважска Бистрица на покана на словачкиот градоначалник Карол Јанаш.
Повод за посетата, како што информира денеска прес-службата на општина Ѓорче Петров, е потпишувањето на договор за збратимување меѓу двете општини.
Општините ќе ја унапредуваат соработката во областа на стопанството, туризмот, образованието, социјалната и здравствената заштита, културата, спортот и други прашања од работата на локалната самоуправа.
Градоначалникот Митровски истакнал дека е многу важно да се слушнат и разменат искуства кои би се примениле во разни сфери од работењето на двете општини, а кои во иднина ќе бидат основа за надградување на взаемната соработка.
Во рамки на посетата, македонската делегација ги посетила детската градинка „Железничка“ и основното училиште „Словачки партизани“ каде се запознала со системот на работа во предшколските установи и училиштата. Градоначалникот Митровски упатил покана до директорите на овие установи да ја посетат општина Ѓорче Петров.
Македонската делегација го посетила и националниот парк Манинска тиесна, а остварени се и средби со претставници на стопански објекти на кои се разговарало за можните начини за соработка со македонски стопанственици.
Во општината Поважска Бистрица има над 180 извори со топла и лековита минерална вода каде се градат спа центри кои се преполни со гости во текот на целата година.
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман