Тенис
18. July 2015 - 19:16

Дејвис куп: Србија елиминирана, В.Британија води против Франција

Селекциите на Белгија и Аргентина изборија пласман во ½ финалето на Дејвис купот. Белгија убедливо со 3-0 ја совлада Канада а Аргентина за која настапија Дарсис и Гофан ја изненади Србија совладувајќи ја во само два дена со 3-0. Србија настапи без Новак Ѓоковиќ. 
Останува неизвесно на мечот Велика Британија – Франција кој се игра во Лондон.  Водство на Британците од 2-1 им донесоа браќата Енди и Џејми Мареј кои во 4 сета беа подобри од Цонга и Николас Мау. 
Во последното четвртфинале Австралија поведе против Казахстан со 1-0.