Де Мезиер предлага европски сили за контрола на надворешните граници на ЕУ
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер нагласува дека Европската комисија треба да предложи нови мерки за заштита на надворешните граници на Европската унија, кои ќе бидат контролирани од европски сили ако националните влади не се справат со заштитата.
Де Мезиер зборуваше по пристигнувањето во Брисел денеска за средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, посветена на начините како да се контролира бранот мигранти.
Атина вчера побара од Фронтекс помош откако беше под притисок од други држави да преземе мерки по ова прашање.
- ЕК треба да излезе со предлози кои ќе му дадат можност на Фронтекс да го преземе обезбедувањето на надворешната граница ако една држава-членка не се справи со обврските за заштита на границата, изјави Де Мезиер.
Тој додаде дека Германија и Франција заедно излегле со иницијатива за давање поголеми надлежности на Фронтекс.
Ново на Сител
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија