Фудбал
28. April 2017 - 14:28

Де Геа за 60 милиони во Реал

Давид де Хеа, голманот на Манчестер Јунајтед, го договорил својот трансфер во Реал, пренесоа мадридските медиуми.

Реал бил подготвен да издвои 75 милиони евра за трансферот на Де Хеа. Доколку Реал и Манчестер Јунајтед постигнат договор, тогаш Де Хеа ќе го урне голманскиот трансфер рекорд.

Според мадридските медиуми, Реал де Хеа му понудил плата од 12 милиони евра и гаранција дека наредните неколку години ќе биде прва опција на голот.