-->
-->
Данските јуниорки победнички на ЕП во Валенсија
-->
Младата репрезентација на Данска е победник на Европското првенство за ракометарки до 19-години.
На шампионатот кој се одржуваше во Валенсија, Шпанија, а на кој своето прво учество го имаше и репрезентацијата на Македонија, јуниорките од Данска во финалето го совлада бранителот на шампионскиот трофеј селекцијата на Русија со 29:26 (полувреме 13:10).
Во меч за третото место Шведска ја совлада Унгарија, со минимални 25:24 (11:11).
Младите македонски ракометарки првенството го завршија на 15. место, со две победи (двете над Литванија), четири порази и една нерешена средба (против Русија).
Нашата репрезентативка Сара Ристовска со 50 постигнати голови заврши како четврто рангирана на листата на стрелците, на која Црногорката, Јауковиќ беше убеливо прва со 71 постигнати голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска