Ракомет
2. August 2015 - 15:48

Данските јуниорки победнички на ЕП во Валенсија

Младата репрезентација на Данска е победник на Европското првенство за ракометарки до 19-години.
 
На шампионатот кој се одржуваше во Валенсија, Шпанија, а на кој своето прво  учество го имаше и репрезентацијата на Македонија, јуниорките од Данска во финалето го совлада бранителот на шампионскиот трофеј селекцијата на Русија со 29:26 (полувреме 13:10).
 
Во меч за третото место Шведска ја совлада Унгарија, со минимални 25:24 (11:11).
 
Младите македонски ракометарки првенството го завршија на 15. место, со две победи (двете над Литванија), четири порази и една нерешена средба (против Русија).
 
Нашата репрезентативка Сара Ристовска со 50 постигнати голови заврши како четврто рангирана на листата на стрелците, на која Црногорката, Јауковиќ беше убеливо прва со 71 постигнати голови.