Данев: Ќе побараме информација колку нови луѓе се ангажирани во државните институции
Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија најави дека ќе поднесат барање до Владата за да добијат информација колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции.
- Бараме да ни се достави оваа информација бидејќи јавноста секојдневно е бомбардирана со информации за вработувања на партиски војници, членови на таканаречената шарена револуција и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите, изјави Данев.
Со ова, според Данев, се врши партизација на државните институции и наместо професионални кадри се вработуваат партиски луѓе.
- Сите граѓани што поверува на СДСМ и на нивните зборови за транспарентност и професионалност се класично излажани и на дело ја гледаат партизацијата на сите државни институции на Република Македонија, рече Данев.
Тој додаде дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информациите треба да се достават во рок од 30 дена.
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата