Дачиќ: Ако веста за кандидатурата на Николиќ е вистинита - тоа е срамота
Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ оцени дека ако веста за кандидатурата на српскиот претседател Томислав Николиќ на претседателските избори во Србија е вистинита, срамота е тој со тоа да и придружи на плејадата кандидати кои се против српскиот премиер Александар Вучиќ.
- Повеќепати сум истакнал дека за Србија е најдобро да се зачува политичката стабилност по пат на кандидатура на човек кој ја ужива најголемата поддршка од народот, а тоа несомнено е Вучиќ, изјави Дачиќ за Танјуг.
Лидерот на Социјалистичката партија на Србија истакна дека ако Николиќ навистина се кандидира против Вучиќ, тој лично и цела СПС, како и Драган Марковиќ Палма, уште посилно ќе го поддржат Александар Вучиќ.
- Единствено логично и рационално е кандидат да биде оној кој ќе победи, со или без Николиќ. А што ќе направи Николиќ без Вучиќ, и тоа е јасно - ништо, само ќе им помогне на оние кои се против Вучиќ. И тоа безуспешно, заклучи Дачиќ.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија