Ципрас: Грчката влада е подготвена за итно обновување на преговорите со кредиторите
Грчката влада е подготвена итно да ги обнови преговорите со меѓународните кредитори, изјави синоќа премиерот Алексис Ципрас во телевизиско обраќање по објавувањето на резултатите од референдумот, според кои над 61 процент од гласачите се изјасниле против предложените реформи од кредиторите.
Ципрас отфрлајќи ги тврдењата дека рефередумот всушност е гласање за тоа дали Грција да остане во еврозоната, истакна дека мандатот што го има од грчкиот народ е за зајакнување на позицијата на владата во преговорите и за постигнување на одржливо решение, а не за судир со Европа.
Грчкиот премиер, исто така, предупреди дека нема лесни решенија, но дека праведно решение може да се постигне од двете страни, јави ДПА.
Ципрас нагласи дека ќе побара од претседателот на земјата Прокопис Павлопулос да свика совет на лидерите на политичките партии со цел да ги слушне нивните мислења.
- Од понеделник Грција ќе се врати на масата за преговори и приоритет ќе биде обновување на банкарскиот систем на земјата, изјави синоќа Ципрас, нагласувајќи дека сега на преговарачка маса ќе се најде и проблемот за реструктурирање на долгот.
Ново на Сител
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?