Чудо во Скопје, Вардар го декласира Фенербахче!
Извонреден резултат за македонскиот првак Вардар во првиот квалификациски дуел за Лига Европа. Совлада славниот турски клуб Фенербахче со 2-0 со што црвено-црните ширум ги отворија портите кон второто европско елитно натпреварување.
За Вардарци ова е една од најголемите победи во клупската историја остварена против најбогатиот и најславниот клуб во Турција. Избраниците на Чеде Јаневски кој дебитираше на клупата одиграа стрпливо и во два потега дојдоа до големата победа.
Ерменецот Барсегјан во 20.минута една контра претвори во гол. Тој доби топка во простор со брилијантен потег се ослободи од Шкртел и го совлада Камени. КОнечниот резултат го постави дефанзивецот на Фенербахче Топал кој во 92.минута си постигна комичен автогол.
Реваншот се игра за 7 дена во Истанбул а голем хендикеп за Вардар ќе биде црвениот картон за капитенот Грнчаров со што нема да може да игра на втората средба со Фенербахче.
Ново на Сител
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Тетово до 15 часот за претседател - 21,31 проценти излезеност, за пратеници - 37,01 отсто
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
-
ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти
-
Излезноста до 15 часот во Дебар, за претседателските избори 15 отсто, за парламентарните 23 отсто