Чибишев: Итно делување за состојбата со загадувањето на воздухот
Во последните три и пол месеци Владата на Социјал-демократскиот сојуз и Зоран Заев покажаа како не треба да се управува една држава.
Владата воопшто не води грижа за загадувањето на воздухот. Затоа состојбата е алармантна, и здравјето на илјадници граѓани е загрозено.
Владата на Социјал-демократскиот сојуз и Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка за заштита на животната средина во изминатите 3 ипол месеци од нивното владеење.
Македонија се соочува со значајни проблеми во однос на здравјето на граѓаните заради загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина, а владата на Социјал-демократскиот сојуз нема досега превземено ништо во 3 ипол месеци владеење.
Потребно е да се спроведат акти, да се преземат итни мерки, а не секојдневно неаргументирано да се обвинува и да се носат недекларативни и несериозни заложби.
Потребно е забрзување на процесот со гасификација на државата. Потребно е да се спроведат активните мерки кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, а тоа е замена на печките на дрва со печки на пелети, министрите и функционерите од Социјал-демократскиот сојуз малку повеќе да го популаризираат возењето на велосипеди, и помалку да се возат со службени автомобили и со тоа да покажат личен пример како се подобрува квалитетот на амбиенталниот воздух во населените места. Потребно е и спроведување на мерката која што владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе, а тоа е да се стимулира купувањето и употребата на електрични автомобили и инсталирање системи за возење на природен гас.
Потребно е исто итно делување затоа што во спротивно цехот ќе го платат граѓаните со нарушување на нивното здравје. Владата секојдневно покажува неспособност на дело.
Поради ваквата негрижа, неодговорност и неспособност граѓаните на 15-ти октомври ќе го казнат Социјал-демократскиот сојуз и Зоран Заев и целосно ќе ги делегитимираат.
Андон Чибишев - ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата