Кошарка
26. јуни 2017 - 19:06

Чековски се врати во националниот тим

Прославениот македонски репрезентативец Ѓорѓи Чековски повторно ќе игра во националниот тим. 

Чековски ја прифати понудата на селекторот Јорданчо Давитков и по пауза од 4 години повторно е во репрезентацијата и ќе настапи во претквалификациските дуели со Естонија и Косово. 
Ненад Димитријевиќ го откажа настапот а се чека одговор од Перо Антиќ кој во наредните денови треба дефинитивно да го каже својот став околу кам-бекот во старото јато.