Церар: Словенија ќе ја почитува арбитражната пресуда за спорот со Хрватска
Словенија ќе ја почитува пресудата на Арбитражниот суд за нејзиниот граничен спор со Словенија, изјави словенечкиот премиер Миро Церар, отфрлајќи ја притоа можноста за нови преговори со Загреб околу ова прашање.
Во изјава за љубљанскиот весник „Дело“, Церар нагласи дека по арбитражната пресуда, кој се очекува да биде објавена во четврток, Словенија ќе преговара со Хравтска само за начините за спроведување на судската одлука, но не и за границата.
За разлика од Љубљана, властите во Загреб досега во неколку наврати најавија дека одлката на Арбитражниот суд нема да има никакво значење за Хрватска.
Хрватска ја напушти арбитражата со еднострана ослука на Хрватскиот сабор во 2015 година и оттогаш се залага за изнаоѓање нов формат на преговори со Словенија за надминување на граничниот спор.
Спорот меѓу Словенија и Хрватска датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 километри квадратни и за граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има излез на отворено море.
Поради спорот Словенија ги блокираше преговорите за членство на Хрватска во ЕУ речиси 10 месеци, по што Загреб се согласи на судска арбитража.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата