Бугарски граничари малтретираат сириски бегалци
Граничната полициja на Бугарија малтретира сириски бегалци, објавуваат медиумите во Сирија, но и во Бугарија, а како доказ публикуваат видео запис, на кој се гледа како униформирани лица удираат со палки мигранти, кои лежат на земја.
Сириските медиуми објавуваат дека ова не е единствен случај на малтретирање на бегалци од Сирија на бугарската граница.
Сирискиот новинарски сајт „Аксалсер“, располага со кадри за кои тврди дека нехуманиот однос кон бегалците од војната во Сирија е дело на бугарската полиција, односно дека бугарски граничари мелтретираат сириски беглаци.
Не се знае точната локација каде се слуичило дејствието од видео записот. Медиумите во Бугарија пишуваат со резерва дали навистина станува збор за бугарски полицајци.
Но, според сириските медиуми, возилото кое се гледа на видеото е исто како што користи бугарската полиција, а и униформите на полицајците се исти како на бугарските.
Министерството за внатрешни работи на Бугарија не се огласило во јавноста во врска со објавеното видео.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга