-->
-->
Бројот на жртви од терористичкиот напад на аеродромот во Брисел се искачи на 15 лица
-->
Бројот на жртви од вчерашните два терористички напади во Брисел продолжува да се зголемува, јави дописникот на МИА од Брисел.
Утринава, портпаролката на бриселскиот аеродром Завентем, Флоренс Мулч соопшти дека бројот на погинати лица се искачил на 15, а можно е уште едно лице да погинало, што целата бројка на загинати во моментов изнесува 32 лица.
- Има неколку жртви на нападите што починати беа однесени во болница. Сигурно има 15 погинати од нападот на аеродромот, а можно е да има и 16 жртви - истакна портпаролката на аеродромот Флоренс Мулч.
Во меѓувреме, Координативното тело на белгиската Влада за справување со терористичките напади, соопшти дека повеќе од 250 лица се повредени и истите се распоредени во неколку болници во главниот град на Белгија од кои најмногу во болницата „Еразмус“ каде се третираат според три категории на итност. „Итност 1“ значи лице со тешки повреди како откинати екстремитети, повеќе скршеници и повреди на главата, под „итност 2“ се водат лица со помали повреди на телото, додека под „итност 3“ се заведуваат жртвите на вчерашните напади што доживеале шок од силината на експлозиите или од тоа што го виделе.
Белгискиот пртокол, во меѓувреме извести дека се уште нема конечна листа на настраданите и повредените и чии државјани се сите тие, но ги известиле странските дипломатско-конзуларни претставништва дека наскоро сите ќе бидат известени за идентитетот и националноста на настраданите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден