Бизнис
17. August 2016 - 19:43

Бројот на вработени во зоните ќе расте и натаму - До крајот на годината 7500 работници во новите фабрики

Расте бројот на вработени во странските компании лоцирани во зоните. До почетокот на овој месец биле вработени 6,150 лица, а до крајот на годината нивната бројка ќе надмине  7.500. Кога дел од  компаниите ќе работат со полн капацитет се очекуваат  над 16,000 вработени , бројка  што  ги надминува првичните очекувања и проекции, вели првиот човек на ТИРЗ,  Мизо

Паралелно со вработувањата ,  се зголемува и извозот. До средината на овој месец, надмина милијарда евра, што е раст од 20% во споредба со истиот период лани. Очекувањата се  до крајот на годината   извозот смо од зоните  да има над 30 процентно зголемување

Странските компании  им нудат работа и на домашните фирми. Во моментов соработуваат со над 500, но бројката дополнително ќе расте со зголемување на обемот на работа. До крајот на година треба да започнат со проиводство и ОДВ Елекстик во охридско струшкиот регион, Акомплас во Прилеп, Кондево во Штип и Хитек во Скопје. Мизо е оптимист дека  за кратко време ќе има најава за влез  и од другии компании, со кои интензивно се преговара.  Дел од нив  во наредните 4 до 6 недели треба да донесат конечна одлука  одлука дали ќе инввестираат во земјата.