Британска тинејџерка-муслиманка загинала меѓу џихадистите во Сирија
Една од трите ученички- муслиманки од источен Лондон, кои минатата година побегнаа од Велика Британија за да им се приклучат на џихадистите на Исламска држава (ИД) во Сирија, загинала при воздушен напад, во реонот на Рака, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на изјавата на адвокатот на семејството.
Кадиза Султана, лани имаше 16 години кога заедно со две свои другарки, на возраст од по 15 години, замина од лондонскиот кварт Бетнал Грин, преку Турција, за да се приклучи во редовите на џихадистите.
Нејзиниот татко во изјава за Би-Би-Си сега открива дека таа била длабоко разочарана од престојот во редовите на ИД и дека сакала да се врати дома, во Лондон, но дека сепак одлучила да не ризикува, плашејќи се да биде пронајдена и заробена, а потоа брутално казнета од џихадистите со отсекување на главата.
Трите одлични ученички-тинејџерки побегнаа за Сирија, во февруари 2015 година, со авион до Турција, а од таму преку отворената граница до позициите на џихадистите во Рака, кое важи за силно упориште на ИД.
Таткото тврди оти Кадиза ги известила своите родители за лажноста на пропагандата што се шири за ИД, како и за тоа дека нема никаква врска со реалноста во која таа и џихадистите живеат.
На родителите им признала дека била натерана да се омажи но дека нејзниниот сопруг набргу бил убиен во борбите. Во порака испратена до својата сестра во Британија и се пожалила дека ако работите тргнат на лошо таа нема како да се врати, затоа што сега границите се затворени.
Трите ученички од Бетнал Грин се меѓу повеќе од 800 британски муслимани за кои се верува дека се наоѓаат во редовите на ИД, или на некоја друга џихадистичка група во Сирија или Ирак.
Британскиот Форин Офис соопшти дека и натаму стои препораката да не се патува во Сирија, по која било основа, но безбедносни експерти предупредуваат оти сите кои престојуваат во ИД се враќаат во земјата радикализирани, па дека затоа претставуваат закана за британската безбедност.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија