Живот
21. December 2017 - 20:59

Божикниот концерт стана кошмар: Џиновска вентилациска цевка и падна на глава на публиката

Божикниот хеви метал концерт кој се одржа во финскиот град Васа, се претвори во пекол за публиката.

Пред самиот крај на настапот, на кој присуствуаат околу 3.000 фанови на тешкиот звук, големата вентилациска цевка и целата шина со сијалици се урна врз публиката.

Најмалку седум лица се повредени и префрлени на лекување во локалнаа болница. За среќа, никој сериозно не е повреден.

Сето тоа е снимено и објавено на интернет.