Борци на ИД превезуваат експлозив кон Палмира, предупреди Русија
Борци на џихадистичката група „Исламска држава" превезуваат експлозив кон Палмира, со цел да нанесат максимална штета на архитектонските споменици пред да се повлечат од древниот сириски град, предупреди денеска руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
Руски беспилотни летала пресретнаа активно движење на камиони во реонот на Палмира, во моменти на успешната офанзива на сириските владини сили, се вели во соопштението.
„Исламска држава" првпат го зазеде древниот град во кој има голем број на предмети од светското културно наследство на УНЕСКО во мај 2015 година, но беше потисната од него во март 2016 година од страна на сириската армија, со руска поддршка од воздух.
Во декември терористичката група сепак повторно ја зазеде Палмира. Џихадистите веќе уништија голем број споменици во градот, кој се наоѓа во пустината во Централна Сирија.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови