Бонучи за неговиот син: Вечерва беше позабавно отколку дента кога славевме Скудето
Колку на малиот Матео му значи Белоти покажува и тоа дека дома носи негов дрес и го бира тимот на Торино додека со татко му, ѕвездата на Јувентус, играат Плејстејшн.
Фудбалот многу пати пишувал прекрасни приказни, толку пати ги разнежнил срцата на сите навивачи, зближил лути ривали, побудил најсилни емоции и многу други работи. А уште една убава приказна со својот син пишува и Леонардо Бонучи.
Мајсторот од одбраната на Јувентус веќе неколку пати призна дека неговиот мал син Матео е голем навивач на Торино. Добро, не толку на Торино, колку на нивниот најдобар играч, Андреа Белоти.
Колку на малиот Матео му значи Белоти покажува и тоа дека дома носи негов дрес и го бира тимот на Торино додека со татко му, ѕвездата на Јувентус, играат Плејстејшн.
Сите се насмеаа на изјавата на Бонучи дека Матео би бил посреќен со дрес од Белоти отколку на Меси, а недолго после тоа го однесе на натпреварот меѓу Торино и Сампдорија.
За жал, Белоти баш на тој натпревар не успеа да даде гол, а Лео не застана тука во мисијата да го усреќи својот син. Бонучи еден месец по тој натпревар го однесе малиот Матео на вечера со играчите на Торино.
Матео така конечно дочека фотографија со својот омилен Белоти, а Бонучи заклучи:
-Вечерва беше забавно, многу повеќе отколку минатата недела на прославата на титулата, мислејќи притоа на тажните солзи на Матео при прославата на титулата на Јувентус.
Кога е татковскта љубов во прашање, големи ривалства не постојат.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка