Бомбашки напад во близина на кинеската амбасада
Во близина на кинеската амбасада во Киргистан денеска експлодираше автомобил при што загина возачот, а три лица се ранети, соопшти Министерството за здравство на Киргистан, додека властите наведуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Возачот на автомобилот се обидел да ја пробие портата на амбасадата.
- Како резултат на експлозијата, само терористот бомбаш-самоубиец загина. Членови на безбедносните служби на амбасадата се повредени, изјави претседателот на киргистанската Влада, Јениш Разаков.
ТАСС наведува дека се ранети две лица од безбедносните служби на амбасадата и една жена која таму била вработена.
Вработените во Амбасадата на Кина и блиската американска амбасада се евакуирани, соопшти киргистанската служба за вонредни ситуации.
Извор во полицијата во Бишкек, за француските медиуми, соопшти дека автомобил од марката „мицибуши делика“ ја пробил капијата на Амбасадата, по што експлодирал насред комплексот, во близина на резиденцијата на кинескиот амбасадор, пренесува Танјуг.
Уште еден извор во службата за безбедност на Киргистан наведе дека во возилото се наоѓала експлозивна направа.
Локалните жители изјавија дека од експлозијата им испукале стаклата на прозорците и им се затресле куќите.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол