Бој Џорџ со шокантна изјава: Јас спиев со Принс
Бој Џорџ целосно ја шокираше публиката на снимањето на шоуто „Војс“ со признието дека „спиел“ со Принс.
Иако познатиот британски музичар, кој е еден од судиите на шоуто, веднаш се обиде да објасни дека станува збор за шега, фановите реагираа толку многу бурно, што снимањето мораше да биде прекинато.
Седејќи покрај Вил.и.јам, фронтменот на „Кајзер Чифс“, Рики Вилсон и Палома Фејт, Бој Џорџ ја иницираше темата на соработка со познати имиња, на што Палома одговори дека таа настапувала со Принс.
- Заборави мила, јас спиев со Принс, рече контроверзниот музичар, на што другите му честитаа, а публиката просто полуде.
- Некој од продукцијата се обиде да ги смири судиите, но публиката тешко можеше да се смири, рече еден од очевидците за британските медиуми.
Бој Џорџ се обиде да се извлече со објаснување дека „не спиел со Принс, туку дека имал негов постер во собата“, но веќе беше предоцна.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори