-->
-->
Богов: Нема потреба од надворешна помош поради грчката криза
-->
Македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно, смета гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов.
- Не очекуваме на Македонија да и биде потребна каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да има отворени опции, наведува Богов во изјава за Ројтерс.
Но, вели гувернерот на НБРМ, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ.
- Ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка, смета Богов.
Европската централна банка најави дека ќе ги ги засили капацитетите и можностите за финансиска поддршка во Бугарија, со што би можело да им се помогне и на другите земји во регионот да се спречи прелевањето на кризата од Грција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона