Бочварски и Шилегов на средба со граѓаните во штипската населба Автокоманда
Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски денеска заедно со идниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов беа во посета на штипската населба Автокоманда.
Бочварски вети дека ќе се укине наплатата на паркинг местата во населбата Автокоманда и околу Градскиот пазар, а проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос, како што рече, ќе го реши со изградба на монтажна катна гаража.
- Имаме уште многу други проекти, асфалтирање на дел од улиците „Солидарност“ и „Браќа Даневи“, покривање на каналот на улицата „Панче Караѓозов“, детската градинка која што е во многу ужасна состојба, а дворот на градинката ќе го уредиме. Секоја уништена површина, која е во шут и ѓубре ќе биде еко површина, истакна Бочварски.
Шилегов истакна дека е во Штип за да му ја даде поддршката на Бочварски и ги охрабри штипјани масовно да излезат на избирачките места на 29-ти октомври.
- Штип е зрел за промени. Граѓаните на Штип заслужуваат поквалитетна локална самоуправа, која ќе ги разбира нивните потреби и ќе ги решава нивните проблеми, рече Шилегов. Тој истакна дека како идни градоначалници на Скопје и на Штип ќе разменуваат искуства со цел да има развој, подобар и поквалитетен живот за граѓаните.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска