Блокирано депонирањето на отпадот кај Русино, жителите бараат почитување на стандардите
Жители од девет села во општина Гостивар најавија дека нема да дозволат транспортирање и истовар на комуналниот смет на депонијата Русино поради непочитување на договорот од страна на полошките комунални претпријатија.
Тие апелираа до надлежните служби да не испраќаат камиони со отпад бидејќи нема да им биде дозволен пристап до депонијата. Од синоќа, со барикади на локалниот пат, не им дозволуваат пристап на камионите кои транспортираат смет, а во еден момент беше и тензично за што беше повикана полиција.
На патот од Долна Бањица до Русино, од утрово е поставен импровизиран пункт на кој жителите го следат движењето на возилата, а доколку забележат камиони од комуналните препријатија, како што изјавија, ќе го информираат иницијативниот одбор.
- Иако беше договорено отпадот да се носи во доцните вечерни часови, со соодветни камиони, сепак тие минуваат низ селата многу порано. Од нив истекуваат отпадни води, сметот се растура по патот и ред други работи. И по една година, не се исполнети најголемиот дел од обврските кои беа договорени. Населението од девет месни заедници е револтирано и повеќе ова нема да го трпи, изјави Насир Хасипи претседател на месната заедница Долна Бањица.
Хасипи заедно со неколку претставници од месните заедници имаат повеќечасовна средба во гостиварската локална самоуправа на која ги презентираа барањата.
- Трпиме големи штети заради загадувањето на околината и неодговорниот однос. Беше договорено, депонијата да се уреди, дури и да се гради фабрика за рециклирање, а од сето тоа имаме само огромно ѓубриште. Нема да дозволиме вака да се одвиваат работите и некој да не лаже. Блокадите ќе траат се додека не бидат исполнети барањата кои веќе еднаш ги потпишавме, истакна Абдулхади Хусеини претседател на месна заедница Горна Бањица по средбата со општината.
Од општина Гостивар велат дека ги поддржуваат граѓаните во нивните барања да се почитува договорот.
Минатата година, по повеќенеделни блокади, во август беше постигнат договор меѓу селаните и Полошкиот плански регион за надминување на состојбата со загадувањето и начинот на кој ќе се депонира комуналниот смет.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ