Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“
Поетесата Бистрица Миркуловска е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана“ објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата „Празникот на липите“ што ќе се одржи во средината на јуни.
Селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, Мирјана Стојановска, претседателка на Клубот на писателките при ДПМ, во образложението на одлуката, меѓу другото, пишува: „Новата книга на Бистрица Миркуловска е резултат на нејзиното богато творечко искуство кое во тековите на современата македонска поезија во изминатите неколку децении остави свои препознатливи белези. Во наградената стихозбирка доаѓа до израз лирскиот пристап, со суптилни творелки трепети за смислата на постоењето, со изразито лични акценти, но во контекстот на размислувањата за универзалната човекова егзистенција. Книгата „Фатаморгана“ остава впечаток и со внатрешната структуираност на мотивско-тематски и стилско-ирзазен план како јасно заокружена творечка целина.“
Бистрица Миркуловска е доајенка на ДПМ. Родена е во 1930 година и е автор на повеќе од 20 стихозбирки. Покрај поезија, пишува и проза, литература за деца, а активно се занимава и со превод. Својот работен век го помина како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1971 година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа