Бесплатни излети за основците од Карпош
Околу 365 ученици и 36 наставници од О.У „Лазо Трповски“ утринава заминаа на бесплатен еднодневен есенски излет во излетничкото место во село Кучково. По тој повод градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ги испрати основците, им посака среќен пат и убав престој на оваа излетничка дестинација, соопшти општината.
Почнувајќи од вчера, учениците од сите десет основни училишта од општина Карпош, ќе одат на еднодневни излети на повеќе излетнички места на територија на град Скопје. Оваа активност локалната самоуправа ја спроведува со сопствени буџетски средства, како дел од програмскиот проект „Бесплатни излети за учениците од прво до седмо одделение“- есен 2017. Оваа иницијатива се реализира во рамки на Програмата за образование при општина Карпош за 2017 година, се наведува во соопштението на општина Карпош.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива