-->
-->
Белград: Тешко повреден навивач на Спартак Москва
-->
Тројца навивачи на фудбалскиот клуб Спартак од Москва, во саботата навечер, биле избодени со нож, во центарот на Белград, објави агенцијата ТАСС.
Според дописникот на оваа агенција, повредените навивачи се хоспитализирани, а еден од нив се наоѓа во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Повредените навивачи се редени помеѓу 1988 и 1991 година.
Навивачите биле нападнати бидејќи имале црвено-бели обележја.
Неколку стотини навивали на Спартак, во саботата, присуствуваа на пријателскиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Спартак (2:1). Пред почетокот на мечот српските и руските навивачи заедно пристигнале на стадионот.
Руските медиуми тврдат дека навивачите биле нападнати од фанови на Партизан, кои се подготвувале за кошаркарскиот натпревар Партизан-Цедевита во АБА лигата (74:73).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости