Loading Video...
Свет
4. November 2017 - 16:20

Белгиското обвинителство одлучува дали да го притвори Пуџдемон

Во Барселона и денеска продолжуваат  протестите со кои се бара ослободување на притворените членови на разрешената каталонска влада. Илјадници луѓе излегоа на улиците незадовлни од одлуката на  шпанскитот суд  кој  нареди да бидат уапсени 8 екс каталонски министри.  Слични проетсти се одржаа синоќа и во Брисел.

- Ние сме во срцето на Европа и има тишина. Таа ја покажува  слабоста на политичарите од 21 век кои сакаат да ги бранат интересите на парите и интересите на државата, наместо интересите на луѓето, вели демонстрант.

Најверојатно  утре, белгиското обвинетелство ќе одлучи дали да го притвори разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон откако по него Шпанија изаде европска потерница. Пуџдемон е во БРисел неколку дена. Тој и неговиот тим се обвинети за бунт и злоупотреба на јавни средства за рефендумот за независнот кој Мадрид го прогласи за незкаонски.

 

Владата на САД наспроти Трамп- климатските промени се предизвикани од човечкиот фактор.

Климатските промени се реални и се предизвикани  од делувањето на човекот  стои во најновиот  извештај на владата на САД.  Извештајот  се изработува на секои 4 години и на него  работеле над 50 американски научници. Студијата е во спротивност со тврдењата на Доналд ТРамп. Американскиот претседател тврди дека  климатските промени се измислица и во јуни  ги повлече САД од Париксиот договор за климата.

 

Трамп од утре ја почнува првата официјална турнеја на Азија

Трамп од утре ја почнува првата официјална турнеја на Азија.  Според агендата, претседателот на САД  ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја , Кина, Виетнам и Филипини. Од  Белата куќа соопштија дека целта на азиската турнеја е обезбедување подршка за американската политика кон Северна Кореја.

 

Три години затвор за египетска тв водителка – отворила табу тема

Египетската теелвизиска водителка Доа Салах е осудена на три години затвор  затоа што во својата емисија зборувала за вонбрачна бременост.Судот ја товари за нарушување  на јавниот морал и пристојност.    Сексуланите односи надвор од бракот се забранета тена во Египет.