Бејли: Оптимист сум за иднината на Македонија
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ја промовираше 14. генерација на апсолвенти, а на свеченоста присуствуваа и амбасадорите на САД и Словенија, Џес бејли и Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.
Амбасадорот Бејли во своето обраќање рече дека е оптимист и за иднината на Универзитетот на ЈИЕ и за иднината на Македонија како земја.
- Ова е нов почеток за Универзитетот бидејќи професор Абдулменаф Беџети ќе ја преземе функцијата ректор, а професорот Замир Дика ќе започне нова фаза во својата истакната кариера. Општо земено тоа е момент на нови почетоци за Република Македонија бидејќи премиерите Заев и Ципрас ќе се состанат во Преспа за да го потпишат договорот за решавање на спорот за името што го попречуваше напредокот на земјата кон НАТО и ЕУ. Јас сум оптимист и за иднината на УЈИЕ и за Македонија како земја, истакна Бејли.
На апсолвентите им порача да го применат своето знаење во корист на општеството и да придонесат за развој на државата.
Министерот Адеми им посака што поскоро да ги реализираат своите планови и цели. - Лично сум убеден дека сите се подготвени да одговорат на предизвиците на пазарот на труд или од друга страна да продолжат со повисоко ниво на студии, рече Адеми.
За актуелниот ректор Замир Дика, можноста за членство во НАТО и за почеток на преговори во ЕУ е добра вест и надеж за иднината на земјата. - Патот кон градење на западноевропските стандарди и вредности повторно ќе зависи од нас и ќе бара посветеност, интелектуална и морална храброст, како и нови знаења, рече Дика.
Свеченоста заврши со фрлање на капите на околу петстотина апсолвенти на УЈУЕ.
Ново на Сител
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија