Баша: Рама создаде држава на криминалот
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, го обвини актуелениот премиер на Албаија, Еди Рама дека е поврзан со организираниот криминал и дека се плаши од слободни и фер избори.
- Светот на криминалот е единствена надеж за Еди Рама за да се спаси од судот на изборите. Рама се обидува да ја одбрани државата на криминал што тој ја создаде и со која владее овие четири години, рече Баша. во обраќањето од шаторите поставени пред албанската Владата, каде опозицијата протестира од 18 февруари.
Како што јави дописникот на МИА, изјавта на Баша следеше по пораката на Рама дека формирањето техничка влада, што го бара опозицијата, нема да се случи и оти парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 18 јуни, дури и ако на нив не учествуваат опозициските партии.
Баша посочи дека Владата на Рама единствено е во слжуба на криминалот, а ни најмалку во служба на граѓаните и нивната благосостојба.
Тој уште еднаш повтори дека услов за решавање на политичката криза во земјата е формирање техничка влада.
- Нашиот услов, за кој нема преговори, е слободни и фер избори, кои не може да бидат организирани од Влада и премиер, кои се поврзани со главата и со нозете на криминалот. На техничката влада ќе и бидат доволни само сто дена за да ги раскине сите врски на земјата со организираниот криминал, смета лидерот на албанските демократи.
Според Баша, Албанците не се поделени, туку се единствени како никогаш до сега и од ден на ден се „се повоинствени во барањето за слободни избори, што во исто време ќе значи и нивна слобода“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево