-->
-->
Барселона ја декласира Селта за место во четвртфиналето во „Копа Дел Реј“
-->
Бранителот на тофејот во фудбалскиот Куп на Шпанија, екипата на Барселона е последниот патник во четвртфиналето на ова натпреварување.
Барселона забележа убедлива победа од 5-0 во реванш мечот од осминафиналето одигран на „Камп Ноу“.
По нерешените 1-1 на првата средба во Виго, каталонскиот тим во реваншот да покажа сета своја моќ, па веќе за половина час постига четири гола.
Лионел Меси за две минути постигна два гола, првиот во 13-тата, а вториот две минути подоцна (15).
По малото затишје, Жорди Алба во 28.минута беше стрелец на третиот гол, а веќе во 31.минута четвртиот го постигна Луис Суарез.
Конечните 5-0 за Барселона ги постави Иван Ракитиќ на три минути пред крајот (87).
Со тоа, Барселона го комплетира списокот на осум екипи кои ќе играат во четвртфиналната фаза. Покрај бранителот на трофејот меѓу осумте најдобри во Копа Дел Реј се пласираа и: Севиља, Еспаљол, Атлетико Мадрид и Валенсија, Реал Мадрид, Алавез и Леганес,
Првите средби од четвртфиналето ќе се играат на 17-ти, а реванш дуелите на 24-ти јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата