Барбара ја силувале 3 момчиња и ја фрлиле од мост: Родителите на исчезнатото девојче добиле ЗАСТРАШУВАЧКО писмо
За девојчето (15) Барбара Витез, за кое се сомнева дека на 25 ноември паднала од мост во Сента, сеуште се трага. Меѓутоа, родителите Ендре и Мелинда добиле анонимно писмо поради што изчезнувањето на девојчето може да добие сосема нов епилог. Анонимното писмо на унгарски јазик пристигнало на адреса на родителите.
- Во писмото стои дека Барбара ја нападнале три момчиња и дека ја силувале, а потоа ја фрлиле во реката Тиша. Сеуште сме во шок од нејзиното исчезнување, никогаш не сум верувала дека таа сама отишла на мостот и дека паднала во реката, раскажа мајката низ солзи.
Таткото Ендре сеуште не може да си дојде на себе од шок.
- Не можеме да веруваме дека постои можност за вакво нешто да се случи, Се прашуваме дали е ова само шега, не разбирам каква е намерата на ова писмо и кој го испратил. Предадов се на полиција и се надевам дека Барбара е жива, вознемирено раскажа и таткото.
Девојчето исчезнало на 25 ноември околу 22 часот, кога со другарите шетала по мостот кој ги поврзува Сента и Чока.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости