Бајден: Во БиХ имаше геноцид, а не граѓанска војна
Поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, кој на свеченост во Вашингтон од Советодавниот совет на БиХ прими награда за животно дело, изјави дека мора да се зборува за геноцидот во БиХ.
Бајден изјави дека нема ништо на што е повеќе горд од поврзаноста со напорот да се прекине геноцидот во Босна и Херцеговина. Тој се потсети и на времето кога слушал за агресијата и злосторствата кои се случувале во 90-те години во оваа земја, пренесе босански Клик.
- Преку слушање и контакти со други дипломати бев уверен дека Слободан Милошевиќ планира етничко чистење во БиХ, рече Бајден.
Како што самиот кажа, за време на агресија верувал дека народот во БиХ има право да се брани, па зтоа во март 1992 година ја предложил Резолуцијата за воведување ембарго за увоз на оружје, што ОН и НАТО подоцна одлучија да го наметнат. Тој истакна дека додал уште еден елемент, а тоа е да се воведе ембарго и да се нападне ЈНА, која ја минувала реката Дрина за да предизвика хаос што го планирала во БиХ, но дека тогаш ништо не се случило.
- Вие преживеавте. Изгубивте семејства, изгубивте домови. Се боревте да го зачувате вашиот дигнитет. Тоа не беше граѓанска војна, тоа беше геноцид. Едноставно геноцид. И тоа се случуваше пред очите на цела Европа, рече Бајден.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување