Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат
Сите карти на кои е нацртана Австралија треба да завршат во ѓубре, затоа што таа повеќе не е таму каде што е прикажана на мапите, тврди весникот „Њујорк Тајмс“.
Весникот наведува дела Австралија постојано „се движи“ како последица на поместувањето на тектонските плочи, кое во случајот на оваа државе е едно од најбрзите.
Нејзината „плоча“ годишно се поместува за 6,85 сантиметри кон север и малку ротира во правец на стрелките на часовникот.
Иако населението на овој континент-држава не го чувствува поместувањето, сепак тоа прецизно го регистрира глобалниот систем за позицирање (ГПС). Надлежните во Австралија се свесни за проблемот и наскоро ќе ја усогласат географската ширина и должина за да се совпаѓа со ГПС.
Ова не е првпат австралиските власти да преземат ваков чекор. Така, во последните 50 години, Австралија дури четири пати мораше да ги ажурира координатите на нејзината држава за да бидат точни. Последен пат тоа е направено во 1994 година, кога позицијата била корегирана за 200 метри.
Следното ажурирање ќе биде извршено кон крајот на годинава, а Австралија на картите ќе биде поместена за 1,5 метри.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк