Антонио Тајани кандидат на ЕПП за претседател на Европарламентот
Европската народна партија (ЕПП) денеска соопшти дека го номинирала Италијанецот Антонио Тајани за нов претседател на Европскиот парламент.
Како што јави ДПА, местото прв човек на Европарламентот остана испразнето откако досегашниот претседател, германскиот социјалдемократ Мартин Шулц на 24 ноември поднесе оставка на функцијата. Тој тогаш изјави дека се одлучил на овој потег за да се посвети на националнате политика и се споменува како фаворит за кандидат за германски канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).
Тајани, кој беше еврокомесар за индустрија од 2010 до 2014 година во Комисијата на Жозе Мануел Барозо, синоќа бил едногласно избрана за кандидатат на ЕПП на заседание во Стразбур.
Освен Тајани, во потесниот избор за кандидати на ЕПП за претседател на Европарламентот беа и Французинот Ален Ламасур, Ирката Мејрид Мекгинис и Словенецот Алоиз Петерле.
Теоретски, кандидатот на ЕПП има сериозни шанси да стане нов претседател на Европарламентот, бидејќи партијата има најголем број европратеници.
Сепак, се очекува изборот на нов претседател, што ќе се одржи на 17 јануари, да бидат оспорувани. Групата на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Европарламентот, која е втора по бројност, предупредува дека нема да прифати „монопол на ЕПП", чии претставници веќе се наоѓаат на чело на другите две главни институции на Европската Унија - на Европоската комисија, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск.
Кандидат за претседател на Европарламентот е и шефот на Пратеничката група на ПЕС, Италијанецот Џани Питела, кој истакна дека „на Европа и е потребна левицата за да се стави крај на бесмислените економски мерки“.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o