Анѓушев: Граѓаните нема сами да набавуваат калориметри
Граѓаните кои се приклучени на системот за централно греење нема да мора сами да набавуваат мерачи за топлинска енергија за радијаторите и за тоа да треба да одвојат сопствени средства, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
- Тоа е дезинформација која не знам од кои причини се шири. Мерачи ќе има и ќе се најдат финасиски средства да бидат платени, а да не бидат на товар на граѓаните. Нивната набавката ќе биде регулирана со подзаконски акти, а граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци, изјави Анѓушев во одговор на новинарско прашање по отворањето на „Националната работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со Зелениот климатски фонд“.
Тој посочи дека има различни начини како да се набават, преку фондови да се обезбедат средства за воведување на калориметри во домаќинствата или да помогне државата. Во преговори се, како што кажа, со повеќе институции меѓу кои и со Хабитат и Зелениот климатски фонд.
- Ќе направиме се тоа да не биде на товар на граѓаните. Мерачите се потребни за да биде јасно кој колку потрошил и кој колку треба да плати, односно да се заштитат граѓаните да не го плаќаат тоа што не го потрошиле. Ќе бидат вградени во сите објекти до почетокот на 2019 година кога се очекува новиот закон за енергетика да функционира со стие подзаконски акти. Сите промени во законот се исклучително во интерес на граѓаните и ако неговиот текст е добар за сите граѓани на ЕУ и е создаван во период од 50 години не гледам зошто би бил лош за македонските граѓани, рече Анѓушев.
Побара од експертите да престанат да ги вознемируваат граѓаните доколку, како што рече, не се вклучени во одредени постапки и со тоа да се наметнуваат за вклучување. Граѓаните, потенцира, треба да се информираат од соодветните институции.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228