-->
-->
Ангеловски ја изврши првата прозивка
-->
Повиканите репрезентативци за квалификациските дуели со Израел и Италија полека пристигнуваат во х. Гранд Плаза каде селекторот Игор Ангеловски одржа и брифинг со присутните новинари а првиот тренинг ќе го одржи во 18.30ч на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ .
„ Нашите мисли се фокусирани кон првиот противник Израел и ќе направиме максимални подготовки да извојуваме победа. Сепак мора да се каже дека се работи за силен противник кој е мајстор за изведување брзи контранапади. Наша цел е со агресивна пресинг игра да го нападнеме дефанзивниот дел од нивната игра и тука да ја бараме нашата шанса. Победа на овој дуел ќе значи и екстра мотив за следниот противник Италија каде сигурно ќе имаме и голема поддршка од навивачите“- изјави Ангеловски.
За Стефан Спировски најважно е да се креира игра која ќе донесе доминација над противникот.: „ Со добра анализа на противникот можеме да подготвиме игра за добар резултат. Сметам и на прекините и можеби таква шанса ќе ни донесе успех“- смета Спировски.
Средбата со Израел се игра на 06. октомври на Филип Втори а три дена подоцна гостува Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ