-->
-->
АМС: Проект за едукација на професорите по физичко воспитување
-->
Денес во амфитеатарот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје се одржа завршната активност од Проектот за континуирана едукација на професорите по физичко воспитување од сите степени на образование, кои покрај другото се активни чинители и поддржувачи на развој на училишниот спорт во сите степени на образование во Република Македонија.
На овој проект финсиран од Агенцијата за Млади и спорт на Република Македонија, а под покровителство на Владата на Република Македонија присуствуваше м-р Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, проректорот за настава при УКИМ проф. Вуица Живковиќ, како и поголем дел од наставниот кадар при ФФКСЗ.
Значењето на настанот е првенствено во придонесот на наставниците од сите степени на образованието во поддршката што ја даваат во развојот на спорт, како и во поддршката на човековите ресурси кои го реализираат обемниот и сложен систем на училишниот спорт и наставата по физичко воспитание.
-Овој проект треба да овозможи подобрување и подигнување на квалитетот на наставата по предметот физичко воспитување воопшто и приближување до квалитетот на физичкото образование кое постои во земјите членки на Европската унија и е во функција на здравјето на учениците. Главна цел на програмата е усвојување и примена на современите достигнувања на науката и практиката заради остварување на целите и задачите во физичкото и здравственото образование и воспитание, односно подобрување на квалитетот на часовите по физичко, изјави Спасески.
Проектот започна 2012 година, и се одржува во континуитет поради оправданоста на истиот која произлегува од резултатите кои ги покажува во однос на подобрување на наставата по физишко воспитување и зголемувањето на бројот на ученици кои активно се бават со физички активност во рамките на училишниот спорт и надвор од него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување