-->
-->
АМС го честиташе успехот на младите фудбалери
-->
Агенцијата за млади и спорт по повод големиот успех фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и пласман на Европското првенство кое се одржува следната година во Полска, денеска упати честитки до сите инволвирани во историскиот резултат за македонскиот фудбал.
- Во име на сите спортисти, спортската јавност и во мое лично име сакам да им се заблагодарам на спортистите, стручниот тим и Фудбалската федерација на Македонија, за се што направија во овој квалификациски циклус, завршувајќи триумфално на 11 октомври 2016 година во Скопје, победувајќи ја репрезентацијата на Шкотска. Во изминативе две години достојно ја претставуваа Република Македонија настапувајќи бескомпромисно, храбро и достоинствено како што доликува на врвни спортисти и амбасадори на спортот, се вели во честитката од директорот на АМС, Марјан Спасески.
Покрај афирмацијата на меѓународен план од непроценливо значење е влијанието што го направивте со своите настапи и игра, дома во Република Македонија, подигнувајќи ги патриотските и националните чувства на младите и сите граѓани на Република Македонија. Покажавте како треба секој од нас да си ги завршува своите работни и морални обврски. Нè направивте горди на еден од најголемите празници во Република Македонија – 11-ти Октомври, додава Спасески.
- На крајот, уште едно големо благодарам со порака дека целата македонска спортска јавност ќе биде со вас и во Полска на Европското првенство, што верувам и дополнително ќе ве мотивира во вашите подготовки и настап, стои во честитката од директорот на Агенцијата за млади и спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња