Американските муслимани бараат извинување од Трамп
Водечката муслиманска невладина организација во САД побара од фаворитот на Републиканската партија за номинација за претседателски кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп да се извини поради изјавата дека „Исламот го мрази Западот“.
- Антимуслиманската реторика на Доналд Трамп не е одраз на лидерство, туку начин на размислување полн со предрасуди, кој само доведува до поделби на нашиот народ и на светот, наведе во соопштение Нихад Авад, директор на Советот на американско-исламските односи.
Трамп во средата вечерта во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека смета оти Исламот го мрази Западот.
- Мислам дека Исламот не мрази. Во прашање е невидена омраза, рече Трамп.
На прашањето на водителите дали смета дека постои војна меѓу Западот и радикалниот Ислам или војна меѓу западнот и самиот Ислам Трамп одговори: „Тоа е радикален пристап и мошне е тешко да се одреди и одвои, бидејќи не се знае кој е кој“.
За време на синоќешната дебата на прашањето дали со оваа изјава мисли на сите муслимани Трамп одговори: „Мислам на повеќето од нив“.
Трамп додаде дека постои голема омраза кон Американците од страна на муслиманите, потсетувајќи на нападот од 11 септември 2001 година.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава