Македонија
23. November 2017 - 17:17

Агенцијата за филм повлече 300.000 евра од контото на „Јадран филм“ поради неисполнети обврски од договорот

Агенцијата за филм се пофали дека успеале да вратат 300 000 евра  од хрватската продукција „Јадран филм“, која не го испочитувала договорот за производство на играната серија Македонија. До септември продукциската кука требаше да достави 14 епизоди од серијалот, но не го направи тоа поради што договорот беше раскинат, стои во соопштението на македонската филмска агенција, но посетуваат дека одземената сума е само дел парите кои се префрлени на контото на продуцентот на Јадран Филм.

Ова не е целосната сума која државата му ја исплатила на хрватскиот продуцент Винко Грубишиќ- таа изнесува 68 милиони денари или милион и 100 илјади евра со обврска тој до септември годинава да достави готови епизоди од првата сезона. Како ќе се наплати остатокот ќе знаеме по завршување на истрагата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата за целиот период, од објавениот конкурс во декември 2015-та до четврти септември, кога истече рокот за предавање на 14 епизоди од серијалот.

Од агенцијата го обвинуваат  „Јадран филм“  и продуцентот Грубишик дека ја манипулира јавноста пласирајќи кратки видеа снимени во Загреб за да остави впечаток дека нешто се работи.

Грубишик денеска не беше достапен да одговори на овие обвинувања, но во претходните реакции ваквите напади ги оцени како подметнувања и невистини.

ВД директорот на Агенција Филм Горјан Тозија најави утре нови детали за случајот.