Адел веќе една година одбива понуда да соработува со Бијонсе
Според најновите написи, Адел и после една година убедување не сакала да ја прифати соработката со Бијонсе.
Британската пејачка неодамна го објави веќе многу популарниот сингл „Hello“, а на 15 овој месец ќе го објави и новиот албум наречен „25“. Многу колеги музичари ја пофалија, меѓу кои и Сем Смит и Кети Пери. Американската ѕвезда Бијонсе исто така ја сака Адел, толку многу што повеќе од една година се обидува да ја наговори да соработуваат.
Бијонсе веќе една година ја убедува на соработка, па дури минатата година дошла во студиото обидувајќи се да ја увери на соработка на барем една песна. Адел ја одбила, па песната ќе се најде на новиот албум кој Бијонсе која треба да го објави кон крајот на годината, цитира британски „Heat magazine“ свој неименуван извор.
Многумина шпекулираат зошто упорно ја одбива Бијонсе, но се чини дека причина е стравот на Адел дека популарноста ќе и наштети, што неколку пати и го истакнуваше:
- Знаете, јас од тоа се плашам. Се плашам дека славата ќе ме оштети и дека ќе се изгбам. Славата е како вистински отров. А отров во мојот организам веќе има доволно, не ми треба уште, рече Адел.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата